Ќе се гради прва гасна термоелектрана

Bez autora
Aug 14 2013

Камен темелник за гасна термоелектроцентрала Електрошари беше поставен во тетовското село Требош како најнова инвестиција на фабриката за јајца и производи од пилешко месо Везе шари и Лекер, во вредност од околу пет милиони евра. Термоелектроцентралата како погонско гориво ќе користи биогас и ќе биде со планирана моќност од 999 кило вати и производство од 7.950.000 киловат часови на годишно ниво. Гасна електроцентрала треба да биде готова до половината на следната година. Министерот за економија Ваљон Сараќини, кој заедно со министрите за транспорт и врски и за животна средина, Миле Јанакиески и Абдулаќим Адеми присуствуваа на свеченоста, потенцираше дека ова прва ваква инвестиција во земјава.

Ќе се гради прва гасна термоелектранаКамен темелник за гасна термоелектроцентрала Електрошари беше поставен во тетовското село Требош како најнова инвестиција на фабриката за јајца и производи од пилешко месо Везе шари и Лекер, во вредност од околу пет милиони евра.

Термоелектроцентралата како погонско гориво ќе користи биогас и ќе биде со планирана моќност од 999 кило вати и производство од 7.950.000 киловат часови на годишно ниво. Гасна електроцентрала треба да биде готова до половината на следната година.

Министерот за економија Ваљон Сараќини, кој заедно со министрите за транспорт и врски и за животна средина, Миле Јанакиески и Абдулаќим Адеми присуствуваа на свеченоста, потенцираше дека ова прва ваква инвестиција во земјава.

- Со оваа инвестиција Македонија претставува еден вид лидер во оваа област во регионот - вели Сараќини.

Германија има над 2.000 електроцентрали на биогорива, а оваа инвестиција ќе се вбројува во десетте најсовремено од својот вид во Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik